fbpx

Совет

Во домот садоперот е изложен на голем број нечистотии, поради миењето на садовите, овошјето, зеленчукот, како и складирањето на нечисти садови во него.

За да ефикасно се исчисти и блесне во полн сјај, еве совет како тоа да го направите со 10 минутна постапка:

• Намокрете го садоперот со топла вода и посипете го со лимонтус;

• Од озгора на лимонтусот ставете сода бикарбона, после што ќе забележите хемиска реакција на пенење;

• Оставете го садоперот да стои така 10-тина минути;

• Земете сунѓерче и со топла вода измијте го садоперот. Ќе забележите дека дамките од нечистотии и бигор исчезнале;

• На крај, избришете го садоперот со сува крпа.

За сјајност на садоперот, попрскајте го со средство за чистење на прозорци и пребришете со сува крпа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *