Ниска потрошувачка на енергија и супер тивка правосмукалка

Фирмата KÄRCHER го промовираше новиот производ T12/1 eco!efficiency – правосмукалка за суво чистење дизајнирана за животна средина која е осетлива на бучава како што се хотели, ресторани, домови за стари лица, училишта, канцеларии и деловни простории и сл. Гостите во хотелите сакаат да се релаксираат во своите соби, и секако наутро не сакаат да се будат со бучава на правосмукалката. Со новата правосмукалка 12/1 eco!efficiency ќе се погрижиме да се избегне бучавата која се создава за време на чистењето. Со ниво на бучавост од (56 dB(A) оваа смукалка е идеална за употреба во области чувствителни на бучава.Покрај тоа правосмукалката има и намалена потрошувачка на енергија, со заштеда и до 40% во споредба со нејзината основна верзија. Тоа ги намалува трошоците и благодарение на својата издржливост обезбедува работење без прекин.Волуменот на контејнерот за отпад од 12 литри овозможува собирање на голема нечистотија во филтерските хартиени кеси.И покрај својата ниска потрошувачка од 750W, нуди оптимални перформанси – совршено отстранување на прашина од теписи и цврсти површини.
Резиме: T12/1 eco!efficiency ќе Ви помогне да ги намалите трошоците за електрична енергија и ќе овозможи пријатен престој на Вашите гости. Не само гостите туку и персоналот за чистење ја цени тивката правосмукалка.
Во текот на Меѓународниот саем Чистотата ISSA INTERCLEAN (2011/05/20, Варшава) добитник на наградата “Златна Метла” награда за технологија на иднината – еко ефикасност.

 

O 40% помалку потрошувачка на

Електрична енергија

Ниска бучава 56 dB(A)
До 95% може да се рециклира

Напишете коментар